(ФОТО) Сите гледаа во Елена Велевска на „Охрид фест“

Добивај вести на Viber

Елена Велевска беше дел од фолк-вечерта на фестивалот „Охрид фест“, кој сношти на летната сцена на Долни Сарај во Охрид се одржа по 27 пат.

Пејачката која многу пати има учествувано како натпреварувач на фестивалот, а овој пат беше дел од жирито. Облечена во светкав топ и тесни пантолони, Елена го привлече вниманието на публиката, во моментот кога излезе да додели награда на победниците.

Победи симпатичната скопска група „Скопски боеми“, миленици на охридската публика кои често земаат награди на фестивалот. Годинава, „Охрид фест“ понуди убави песни, напишани во духот на македонската народна музика. Поради корона кризата, наместо три вечери по традиција, се одржа само една, фолк вечер.

„Среќна сум што конечно ни тргна работата, на мене и на колегите. Тешко беше седењето дома шест месеци“, ни изјави Елена која на почетокот од годинава се разведе од сопругот Марјан Мирчевски со кого има три деца.

„Децата се одлично, ова беше безгрижно лето за нив“, додаде Велевска. Во претходно интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ , Велевска изјави дека многу се трудела да го задржи бракот, но не успеала. 

(М.Џ.)