(ФОТО) Стана вирален хит поради неверојатната сличност со Џенифер Анистон

Американката Кејтлин, која го води профилот „ The Kindred Ginger“ на Инстаграм, стана хит на таа социјалните мрежи, откако луѓето заклучија дека изгледа неверојатно исто како актерката Џенифер Анистон.

Се започна кога нејзината фризерка објави фотографија за да ја покаже новата фризура на Кејтлин, но нејзината брановидна коса падна во позадина затоа што луѓето почнаа масовно да коментираат дека оваа мајка на едно дете изгледа неверојатно како ѕвездата на серијата „Пријатели“.

„Убеден сум дека оваа жена е родина со Џенифер Анистон“, „Не знаев дека си ѝ фризерка на Џенифер Анистон“, „Рејч, дали си тоа ти?“ - беа дел од коментарите.