(ФОТО) Станот на познатата пејачка по земјотресот во Загреб: Не може да стапи во контакт со најблсиките

Таа истакна дека сите се добро, надевајќи се дека наскоро ќе може да ги добие своите најблиски барем по телефон

Хрватската пејачка и водителка Ида Престер се огласи на Инстаграм по повод земјотресите во Загреб, а сподели и како изгледа сега нејзиниот простор за живеење. 

Од сите страни има неред и испукани ѕидови, а откако излегла надвор, истакна дека сè уште не успеала да стапи во контакт со семејството. Сепак, нагласува дека сите се добро и дека се обидува да мисли позитивно, иако се сомнева на уште еден земјотрес, бидејќи „по првиот, обично доаѓа вториот“.

Родена во Загреб, инаку, живее во Белград со сопругот Иван.

- Еве, сите сме во ред. Јас сум надвор, не можам да ги добијам моите, но ќе се слушнеме, претпоставувам дека сè е во ред ... Го чекаме вториот (земјотрес), обично вториот доаѓа по првиот - објаснува таа на својот профил.