(ФОТО) Стојам зад тебе со раширени раце: Соња Тарчуловска со емотивна посвета за 14. роденден на ќерката

Мелани, најстарата ќерка на Соња и на Јохан Тарчуловски, денеска полни 14 години. Фолк-пејачката со емотивна посвета ѝ го честиташе роденденот на ќерката. 

Мелани Тарчуловска денеска полни 14.години

„ Во животот, сретнав многу уникатни личности. Но, тебе не те сретнав, тебе те родив ќерко. Мелани, среќен 14. роденден. Ние сме горди на тебе, Мелани. Секогаш да знаеш, позади тебе стои широка насмевка, раширени раце и рамо за утеха“, напиша Соња на својот Фејсбук профил.

Братот на Мелани, Младен летово ќе наполни 12 години. Најмалата ќерка на Тарчуловски, Јована во април ќе го прослави четвртиот роденден.

Најмалата ќерка на Тарчуловски во април ќе полни 4 години, а синот Младен летово ќе го слави 12. роденден