(ФОТО) Тамара има амајлија која ќе ѝ донесе среќа на „Евросонг“

Својата амајлија за која верува дека ќе ѝ донесе среќа на настапот на „Евросонг“, Тамара Тодевска ја понесе во Тел Авив. Станува збор за слика од расцутено дрво, која ја наслика кумата на Тамара, Анета.

„Куми, ми држиш среќа и тука“, објави Тамара под фотографијата од амајлијата. Пејачката која со својот тим вчера стаса во Тел Авив, утрово кондиционо се подготви за она што денеска ја очекува, првата проба закажана за попладнево. 

„Спиев 9 часа и подготвена сум за на сцена“, вели Тамара која објави фотогграфии како трча покрај море и од нејзиниот поглед од хотелската соба. На забавата која ја организираше за медиуите завчера во Скопје, пејачката рече дека никогаш не се чувствувала посигурна во себе и во својот тим.

„Ќе облечам зелен, смарагден фустган од Александар Ношпал“, откри таа за Женски магазин. Тамара на „Евросонг“ настапува со „Proud“, на второто полуфинале, на 16 мај.