(ФОТО) Трансформација пар екселанс: Мама Сара Мејс ја доведе линијата до совршенство
Пејачката и харфистика Сара Мејс се оствари како мајка пред речиси две години.
Во септември 2018 година таа и сопругот Димитар Атанасовски станаа родители на преслатката Илина.
Најнормално како и повеќето мајки во постпородилниот периодот Сара имаше некое кило вишок, а и самата знаеше да го потенцира тоа на фотографиите кои ги објавува на социјалните медиуми.
„Plus- Size fashion model. Одсекогаш сакав да бидам пополничка. А и сакам да си ручкам“ - напиша Сара под оваа фотографија, потенцирајќи дека не се срами од нејзината постпородилна тежина и изглед.
Благодарение на исхраната, мноогу вода и 5 дена во неделата фитнес и кардио, како што вели пејачката, таа забележително почна да слабее и да се враќа во форма.
21 недела после породувањето Сара ја објави оваа фотографија потенцирајќи дека трансформацијата е се' уште во тек.
Летово, Сара со Димитар и Илина уживаа покрај езеро и базен, па пејачката објави и фотографии по костим за капење, на кои е видлива нејзината трансформација и колку го донела телото до совршенство.
Секоја чест за упорноста на мама Сара.
(ФОТО) Модерна и преслатка: Ќеркичката на Сара Мејс и Димитар од мала е модна иконаГалерија: