(ФОТО) Тренд број еден: 5 боб фризури за оваа есен

Боб е една од најпопуларните фризури во светот и неколку сезони девојките масовно почнаа нивната долга коса да ја заменуваат со фризура до или над рамената, оформена во различни начини. 

Многу брзо се појавија многу варијации, поради кои боб не може никогаш да биде досадна фризура, напротив стана една од омилените за црвениот тепих и големите случувања.

Добрата страна е тоа што вие буквално може да експериментирате со оваа фризура и многу тешко дека некогаш ќе се покаете што сте ја имале.

Ова се најубавите 5 боб фризури за оваа сезона, со кои ви предлагаме да најдете инспирација ако планирате да промените нешто со себе.