(ФОТО) Уште една ќерка: Франц стана татко по вторпат во Холивуд

Музичарот Владимир Крстевски-Франц стана татко. На својот Фејсбук профил, Франц објави дека на 31-Ви јули, неговата сопруга Ема ја родила ќерката Мона.

- Ти посакуваме добредојде на овој свет и ти посакуваме да те сака животот колку што те сакаме ние- напиша поранешниот гитарист на групата „Нокаут“, кој со семејството пет години живее во Лос Анџелес.

Минатата година во месец јуни, тие ја добија првата ќерка Мелоди.