(ФОТО) Уште од бебе со стил: Анастасија Ражњатовиќ на 7 месеци

Денес е една од најтрактивните девојки на Балканот. Ќерката на српската пејачка Цеца Ражњатовиќ, Анастасија, уште пред да тргне по стапките на мајка си беше следена и популарна на социјалните мрежи, а по објавувањето на првиот сингл „Савршен пар“ нејзината популарност започна вртоглаво да расте. 

Со скоро еден милион следбеници на својот Инстаграм профил, Анастасија на Балканот важи за една од најследените млади ѕвезди. Нејзините фотографии имаат безброј лајкови и коментари, а убавината дефинитивно ѝ е заштитен знак уште од детството.

Цеца сподели фотографија од детството на нејзината миленичка. На фотографијата Анастасија има само 7 месеци.

Прочитајте и:
Ретко зборува за приватноста: Анастасија се отвори за заедничкиот живот со момчето