(ФОТО) Ужива во улогата на баба: Гордана Ѓорчева по тешките животни моменти, конечно е среќна

На 19 години го изгуби татка си во сообраќајна несреќа. Втор огромен шок во нејзиниот живот беше смртта на сопругот, актерот Бранко Ѓорчев. Познатата ТВ-презентерка Гордана Ѓорчева пред три години ја отвори душата и искрено проговори за најтешките моменти, за Женски Магазин.

Денес, ужива во семејните моменти исполнети со среќата која ѝ ја донесе нејзината ќерка Луција, со раѓањето на внукот Вања во август, изминатата 2020-та година.

- МОЕТО ДЕВОЈЧЕ СТАНА МАЈКА. БЕШЕ УПОРНА, СИЛНА И ОДЛУЧНА ПО ПРИРОДЕН ПАТ ДА ЈА ПОЧУВСТВУВА СЛАТКАТА БОЛКА НА МАЈЧИНСТВОТО. ОВАА НОЌ ГО ДОБИВ НАЈСКАПОЦЕНИОТ ДИЈАМАНТ. МОЈАТА СРЕЌА ЛУЦИЈА МИ ДОНЕСЕ УШТЕ ПОГОЛЕМА СРЕЌА. ЛУЦИЈА, АЛЕКСАНДАР И ВАЊА СЕ СЕМЕЈСТВО. ВИ БЛАГОДАРАМ ЗЛАТНИ ДЕЦА, ТИ БЛАГОДАРАМ ГОСПОДЕ- напиша тогаш таа на својот профил на Фејсбук.


Судејќи по фотографиите на социјалните мрежи, Гордана ужива во улогата на баба, а внукот е центар на нејзиниот свет.

Фото: Фејсбук профил на Gordana Gjorceva