(ФОТО) Уживаат во љубовта: Алачки и Марина Дојчиновска делат пасија за патувања

Музичарот Горан Алачки пред нешто повеќе од две години ја призна врската со водителката Марина Дојчиновска, која е препознатлива како ТВ лице од неколку локални и национални телевизии. 

Сепак Марина веќе долго време не се занимава со јавна професија и е претпиемачка, фокусирана на здравиот живот и исхрана.

Двојката дели заедничка пасија за патувања, а за среќните моменти и уживањата кои ги споделуваат, сведочат нивните фотографии на социјалните мрежи.

Алачки е поранешен сопруг на Адријана, позната пејчка и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“, претседател на здружението на готвачи , „Гастромак“.

„Ние останавме добри пријатели и по разводот. Сѐ уште живееме во иста зграда и заеднички се грижиме за децата“, изјавија Алачки по разводот. Но Горан Алачки, со писмо кое наводно самиот го испратил до одредени медиуми, пред неколку години ѝ упати директна порака на својата поранешна сопруга Адријана Алачки, за злоупотреба на неговото презиме.

- Презимето Алачки не смее никој да го злоупотребува. Време е медиумите да не го употребуваат моето презиме конектирано со мојата бивша сопруга која го користи мојот бренд за медиумска популарност, моето презиме. Нејзиното презиме е Атанасовска. Инаку таа никогаш не била Алачки туку Алачка во сите исправи и во пасош…Ви благодарам! - стои во изјавата на Горан која ја пренесе порталот „Свет Австралија“.

Адријана и Горан ги имаат децата Благоја и Грациела, која се омажи за музичарот Игор Димовски, поранешен ученик на Горан Алачки. Грациела и Игор ја имаат ќерката Јана.


Фото: Фејсбук-профил на Goran Alachki и Marina Dojcinovska