(ФОТО) Ване Маркоски подготви турски ќебап во Анталија

Својата умешност во кујната, водителот Ване Маркоски ја користи и во Анталија. Тој е дел од екипата на инфо-турата на туристичката агенција „Фибула“ и освен што е на прошетка низ најзначајните места во Анталија, ги учи и турските специјалитети. 

Својот „Избор на најдобри рецепти“, како што се вика неговата емисија на „Канал 5“, Маркоски ќе го збогати со неколку турски специјалитети кои ги научи во хотелот„Crystal Palace Luxury Resort & Spa“ во Сиде. Ване беше специјален гостин во кујната на главниот шеф и подготвуваше турски ќебапи заедно со нив. 

„Секое искуство е вредно, и секој нов рецепт кој ќе го научам го применувам и во мојата домашна кујна, а го споделувам и со моите гледачи. Турскиот шеф беше одличен домаќин и ми беше многу забавно во неговата кујна“, ни изјави Ване. 

Тој веднаш ги освои симпатиите на турските готвачи и хотелски менаџери и ги покани да дојдат во Скопје за да ги пробаат и нашите специјалитети. 

М.Џ. 

Фото: Д.Марковски