(ФОТО) Вера Мештеровиќ стана блондинка: Нема да ја препознаете

Добивај вести на Viber

Прва Мис на Македонија која замина на светскиот избор за убавина е Вера Мештеровиќ, во 1996-та година. Таа е мајка на синот Андреј, 8 години и ќерката Јована, 6 години, кои ги има од поранешниот брак со фудбалерот Игор Кралевски.

Важи за една од најубавите Македонки, а низ годините ја промени својата професија и се занимава со маркетинг и е заштитно лице на познати брендови.

Вера е претпознатлива по својата долга темна коса, но овојпат направи огромна промена. Имено за видео-записот на песната „Жена за милијун година“ на Дарио, таа црната коса ја исфарба во плава.

Сега Вера е блондинка, и ретко кој би ја препознал.

Таа објави и фотографија на својот Инстаграм профил под која напиша дека понекогаш бојата е голема промена. Се согласуваме!