(ФОТО) Ѕвездата од серијата „Игра на тронови“ во поодмината бременост: Фустанче кое секоја трудница треба да го има летово

Ѕвездата на серијата „Игра на тронови“ ужива во блажената состојба и изгледа многу убаво во лелеав труднички фустан

Британската актерка Софи Тарнер и музичарот и пејач Џо Џонас го очекуваат првото дете заедно, а двојката, која е позната по тоа што ја чуваат својата интимност подалеку од медиумите, со месеци успешно ги избегнува папараците.

Сепак, овој пат не успеаја да избегаат, па фановите на Санса од серијата „Игра на тронови“ добија можност да видат како изгледа нивната омилена актерка во поодмината бременост.

Софи и Џо, всушност, уживаа во калифорниската природа и пикникот на еден сончев ден, па се опуштија и им дадоа можност на папараците да направат фотографии од нив.

За оваа пригода, актерката избра лесен, убав розов мини фустан, под кој носеше бела маица со кратки ракави, а под фустанот беше јасно видлив нејзиниот пораснат стомак.

Фото: Profimedia