(ФОТО) Вистинска убавица: Помалата ќерка на Црнокрак наполни 9 години

Светлана и Мики Црнокрак, двојката која повеќе од две децении е во брак и успешно го води модното студио „Црнокрак" се родители на две ќерки. 

Постарата Моника која студира на Економскиот факултет веќе тргна по стапките на своите родители освојувајќи неколку титули за убавина, меѓу кои и онаа од нејзиниот дебитански настап во 2018 година за Мис фотогеничност на изборот за Мис лето Интернационал, во Киренија, Кипар.

Помалата пак, Нина вчера го прослави својот 9-ти роденден.

- Среќен 9-ти роденден на нашата принцеза Нина- напиша гордиот татко под семејните фотографии.

View this post on Instagram

SREKJEN 9ti RODENDEN na nasata princeza NINA !!

A post shared by Miki Crnokrak (@miki.crnokrak) on