(ФОТО) Вистински летен моден погодок на Меган: Прво појавување по 4 месеци

Двојката не успеа да ги избегне папараците, а медиумите веднаш ставија акцент врз облеката на Меган Маркл

Меган Маркл (38) и принцот Хари (35) беа фотографирани во јавноста за прв пат по четири месеци откако пандемијата на корона вирус го запре светот.

Двојката, која сега живее во Лос Анџелес, беше на деловен состанок, а папараците успеале да ги фотографираат кога влегле во нивниот автомобил, пишуваат медиумите во соседството.

За оваа пригода, Меган носеше фустан без ракави, од брендот „Magic Lens“, кој го има во две бои, бела и розова. Таа се одлучи за белата и не погреши.

Меган својот летен стајлинг го комплетираше со сламена шапка од американскиот бренд „Jannes Leon“, а за обувки избра култни балетанки од модната куќа „Шанел“, еден од најпознатите омилени модни класици на трендсетерките.

Принцот Хари е фоторафиран во панталони и сива поло маица кои ги комбинираше со патики.

Последниот пат јавноста ги виде пред четири месеци кога се вратија во Лондон за да ги завршат договорените ангажмани.



Фото: Profimedia

И чантата и е посебна: Меган Маркл ја носеше на своите последните кралски должности