(ФОТО) Во „Јужен ветер“ сакаат „опасни машини“: Што возат sвездите на хит серијата во реален живот

Во популарната серија „Јужен ветер“ се возат „опасни машини“, а во реалниот живот еве што возат sвездите на хит серијата

Серијата „Јужен ветер“ ги освои срцата на публиката за многу краток временски период, а некои од главните актери на серијата конечно ги дочекаа своите „пет минути“ и стекнаа голема популарност.

Иако актерите важат за луѓе кои не сакаат да бидат претерано изложени на јавноста и да го потенцираат она што го имаат, многумина се заинтересирани за детали од нивниот приватен живот. Како што е вообичаено за терминот глумец, тој асоцира и на раскош и на гламур, односно живот на „висока нога“ и скапи автомобили, многумина се прашуваат какви автомобили возат некои од најпопуларните актери во серијата.

Миодраг Радоњиќ познат како Баќа кој сака брз живот, забава и скапи и брзи автомобили, надвор од камерите, е сосема спротивна личност од улогата што ја одигра во „Јужен ветер“.

Тој е скромен и пристоен млад човек кој не е арогантен, па вози џип на марката „Сузуки“ во изразена црвена боја. Неговиот автомобил од серијата „Витара“, а цената варира во зависност од одредени ситници и се движи помеѓу 13.000 и 22.000 евра.

Јована Стојилковиќ, која ја глуми Софија, љубивта на главниот лик Мараш, во серијалот, за разлика од Миодраг, се одлучи за вистински мал женски автомобил.

Имено, убавата актерка поседува автомобил „Мini moris cooper one“, а цената на овој автомобил започнува од 18 000 евра.

За разлика од неговите колеги, Милош Биковиќ претпочита да користи такси услуги, како што самиот призна неодамна во една емисија.

- Често ми е полесно да се возам во такси, затоа што дури и немам време да паркирам. И, искрено, јас често останувам два-три часа во зоната за паркирање, така што искрено не ми се исплатува да возам - откри Милош, додека ликот Мараш е препознатлив по талентот на луд возач во серијата.


Извор: telegraf.rs

Фото: Foto: ATA Images