(ФОТО) За еден месец: Ана Николиќ се поправи 13 килограми

Пејачката Ана Николиќ, чијшто изглед предизвикува лавина од коментари, а на социјалните мрежи велат дека е „анорексична“ го тргнала прстенот од желудникот од здравствени причини.

Сега, Ана Николиќ повторно се здебели, само неколку месеци по операцијата на желудникот.

Ана, наводно, морала да го отстрани прстенот околу желудникот, кој ѝ бил ставен поради ограничување на внесувањето храна, поради што започнала повторно да се дебелее.

Неименуван извор тврди дека тоа морало да го стори поради здравствената состојба, бидејќи ѝ опаднал имунитетот, откако ја прележала короната ѝ се влошила крвната слика, а телото ѝ барало храна.

„Ана го стави прстенот пред околу две години, по што нагло почна да слабее. Ја доведе линијата до совршенство, но сакаше повеќе. И покрај тоа што лекарите потенцираа дека не е пожелно прстенот да се чува во телото за повеќе повеќе од една година, пејачката не сакаше да го извади. Кога достигна 50 килограми, нејзината крвна слика започна да се нарушува “, изјави извор близок на пејачката, додавајќи дека лекарите ја советувале да го отстрани прстенот после прележаниот вирус.

„Таа го стори тоа и повторно почна да се здебелува“, потенцира изворот за „Мондо“.

За време на викендот, пејачката се вклучи во шоу каде зборуваше за својата намера да се запише на медицина, а српските медиуми јавуваат дека вака изгледа пејачката сега:

Вака изгледаше пејачката откако драстично ослабе.

извор и фото:mondo.rs / printscreen