(ФОТО) За секоја жена со стил: Шест клучни парчиња за претстојната зимска сезона
За совршен зимски стајлинг, потребни ви се само овие 6
парчиња.
Трендовите постојано се менуваат, но има некои парчиња кои ќе бидат модерни засекогаш. Ако сакате да изгледате тренди и оваа зима, инвестирајте во овие 6 парчиња. Со нив секој стајлинг изгледа поинтересно, луксузно и женствено.
Бидете сигурни дека облеката е квалитетна за да можете да ја носите со години. Нема потреба да се штеди на овие парчиња:
1. Кожени панталони
Тие се многу актуелни веќе неколку сезони, а модните експерти велат дека ќе се носат уште долго време.
Кога купувате вакво парче, проверете дали тие добро ви стојат. Најдобро би било да ги изберете оние со длабок струк и малку пошироки ногавици. Овој крој им одговара скоро на сите.
2. Палто од вештачко крзно – Бунда
Ова парче дефинитивно му дава доза луксуз на секој стајлинг, а исто така и ќе ве загрее.
3. Мартинки- Бајкерки
Во моментов, најпопуларниот модел на обувки мора да го најдете во вашата продавница за чевли. За почетници, изберете пар во црно за да можете најлесно да ги комбинирате. Најдоброто од овие чизми е што тие можат да се носат во различни прилики и да се вклопуваат во различни стилови.
Одлично одговараат со фармерки, но и со фустани. Тие се дефинитивно чевли кои даваат големи можности за комбинирање.
4. Хеланки
Тие ја следат линијата на телото, облините се издвојуваат и без многу напор, во нив ќе изгледате одлично.
5. Џемпер фустан
Удобно, топло и тренди парче кое засекогаш ќе биде број еден кога станува збор за зимскиот стил.
6. Интересна торба
Ништо не може да го заврши стајлингот и да му даде интересен печат како добра торба.
Секогаш бирајте ги оние во светли бои, со цел да ја „разбиете“ монотонијата на зимските денови.
Фото: Инстаграм
Можеби ќе ве интересира:
Добро поминато време е можно и во четири sида: Потребно е само малку чипка и имагинација