(ФОТО) Жени со чинии во уста: Што се крие позади обичаите на ова племе

На девојчиња на возраст меѓу 15 и 16 години, мајките им ги пресекуваат усните и им вадат два предни заби на долната вилица, за да можат да стават мала чинија (обично глина или дрвена).

Неколку племиња живеат во долината на реката Омо во Етиопија. Едно од нив е племето Мурси кое живее близу границата со Судан.

Носиите на ова племе се исклучително богати и разновидни, а особено познати се жените од ова племе кои ставаат чинија во устите.

Од каде потекнува овој обичај?
Точната причина не е позната, но се верува дека овој обичај датира од времето кога ловците на робови шетале во Африка. За да бидат жените непривлечни за нив, се претпоставува дека биле намерно осакатувани за да се избегне ропството.

Покрај тоа, постојат уште две теории. Едната вели дека Мурси веруваат дека злите духови влегуваат во нивните усти, па затоа се бранат од нив со чинија. Друга теорија е дека миразот, зависи од големината на чинијата. Колку е поголема чинијата, толку е поголем миразот.

Вметнувањето на чинија, започнува од помали и големината се менува по одредено време, доколку тие се подготвени да ја претрпат болката што е присутна при проширување на усната. За жените е тешко да ја носат таа чинија во устата постојано, па затоа ја ставаат само кога има племенски прослави.

Галерија: