(ФОТО) Згоден секретар: Меган Маркл има нов маж во својот живот

Бремената Меган Маркл во последно време претрпе големи загуби.

Откако остана без својот личен асистент Мелиса Туабти и секретарката Саманта Коен, Меган Маркл ја напушти и шефицата на нејзиното обезбедување.

Ниту една од споменатите дами не можеше да издржи со Меган повеќе од шест месеци, и ако се верува во гласините, сите си отидоа, бидејќи војвотката им го отежнала работењето.

Сè на сè, Меган сега има нов член на персоналот, а станува збор Кристијан Џонс кој дојде на местото на нејзиниот поранешен секретар, Саманта Коен.

Обожавателите на кралското семејство забележаа дека Кристијан е многу згоден. Тој исто така работи комуникации и за останатиот дел од кралското семејство, принцовите Хари и Вилијамс и војвотката Кејт.

Кристијан почна да работи за кралското семејство во декември минатата година, а пред овој бизнис ангажман беше задолжен за пишување на говори на член на Парламентот на Обединетото Кралство, Дејвид Дејвис.