(ФОТО) Згодна трудница: Јана Стојановска ужива на плажа

Актерката Јана Стојановска која неодамна се омажи за црногорскиот кошаркар Андрија Бојиќ ужива на одмор во Грција. Јана е во во шестиот месец од бременоста, а изгледа и се чувствува одлично.

„ Андрија сака девојче, тие се тројца браќа во семејството, а има и внук од брат му. Црногорска фамилија се. Но, спротивно на тоа, ете мислам дека сите сакаат девојче. Јас, сакам и девојче и машко. Целиот живот сум посакувала девојче, но ете, од пред една година сѐ ме влече на машко“, изјави Јана неодамна за Женски магазин.

„Силвија е пресреќна, Ана исто“, додаде актерката за радоста на мајка ѝ на сестра ѝ, познатите актерки. Стојановска вели дека ако навистина роди ќерка, сите ќе ја чуваат како принцеза.