(ФОТО) Злато и гола кожа: Ким Кардашијан го прослави 40-от роденден во невиден луксуз

Луда и незаборавна забава

Старлетата Ким Кардашијан е постојано во центарот на вниманието на јавноста. Секој нејзин чекор се следи, а овој пат таа е особено под будното око на медиумите и бројните обожаватели, бидејќи го прослави својот јубилеен 40-ти роденден, чии детали сè уште се прераскажуваат.

Ким објави неколку фотографии и видеа на социјалните мрежи, а сите едвај чекаа да видат барем дел од атмосферата на оваа голема прослава.

 За оваа пригода славеничката носеше краток фустан со златен дезен, кој беше отворен на половината, истакнувајќи го тоа во преден план, и останатите гости не заостануваа многу во однос на елеганцијата и скапите тоалети.


- 40 и се чувствувамблагословено. Нема ниту еден ден што го земам здраво за готово, особено во ова време кога сите се потсетуваме на работи што навистина се важни. За мојот роденден оваа година, не можев да мислам на подобар начин да го прославам и како да го поминам отколку со некои луѓе кои ми помогнаа да се оформам во личноста каква што сум денес. Пред ковид, мислам дека никој од нас навистина не ценеше дека најголем луксуз беше да се патува и да се биде со семејството и пријателите во безбедна средина. После две недели повеќекратни здравствени прегледи и барајќи од сите карантин, го изненадив мојот најблизок круг на пријатели патувајќи на приватен остров каде може да се преправаме барем за некое време дека работите се нормални. Танцувавме, возевме велосипеди, пливавме покрај китовите, кајакувавме, гледавме филм на плажа и многу повеќе. Разбирам дека ова е нешто недостижно за повеќето луѓе во моментот, па во моменти како овие, понизно се потсетувам колку е мојот живот привилегиран - напиша Ким под фотографијата.

Старлетата, која во одреден момент од ноќта реши да влезе во океанот и да се бања, покажа и дека лудо се забавувале, а со овој потег ја подигнала атмосферата до максимум.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Бизнис ѕверка: Како и колку навистина заработува Ким Кардашијан?

Стајлинг кој ја открива долната облека: Ким Кардшијан воведува нов тренд кој е на работ на дегутантно