(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ТРЕСКАВЕЦ) Убавините на Македонија: Манастир од кој се гледаат три града

Издигнат високо над планината, од манастирот Трескавец се пружа величенствена глетка на планините Бабуна, Баба и Кајмакчалан, а навечер на Прилеп, Битола, Крушево, како и на рамината Пелагонија.

Панорамата која ќе видите кога ќе стасате до Трескавец ќе ве натера да го заборавите. качувањето до него, било да одите со автомобил или ако сте решиле да пешачите

Трескавец е манастир во областа Пелагонија, и се наоѓа на 10 километри од градот Прилеп. Се наоѓа на надморска височина од 1280 метри, меѓу карпите под Златоврв. Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата  “Успение на Пресвета Богородица“.

Впечатлива приказна за планинскиот врв Златоврв, кој се наоѓа над манастирот, ни раскажа еден од монасите во Трескавец. „Легендата вели дека порано, на овој врв имало златно јаболко. Луѓето се качувале, со надеж дека ќе го дофатат и ќе го скинат. Многумина се надевале дека јабокото ќе биде токму нивно, ни никој не успеал да го скине. Освен стрминиот пат до врвот, стрмен бил и самиот пат околу врвот, и луѓето се откажувале. Имало и упорни, што за малку ќе паднеле во провалијата која била на чекор од јаболкото. Во такви случаи, старите им велеле: Ако се зализгаш кај Златоврв, фати се за крстот на врвот. Само крстот може да те спаси“, ни раскажа монхот.

Иако на повеќе места кај нас растат папрати, велат дека оние вистинските се токму кај Трескавец. Нашиот соговорник со гордост спосели уште една приказна за туристи од Австрија, кои токму кај овој манастир доше да бараат автентичен македонски папрат. Кога монахот им рекол дека папрати има и на други места, и бил љубопитен зошто доше токму во Трескавец, тие му одговориле оти го сакале токму овој папрат, кој расте кај карпите покрај манастирот.

Интерес да се посети манастирот Трескавец кај нашиот народ отсекогаш имало. Но тој сè повеќе расте од 2013 година наваму, откако е изграден асфалтен пат до него. Порано, до манастирот се стигало само со пешачење по тесна, кривулеста патека која поминува покрај неверојатни карпи со различни форми.

Во манастирот се зачувани и многу зжуметнички творби, како дрвена врата во плитка резба, украсена со фигурални и геометриски форми, дело на прочуените резбари од Слепчанската резбарска школа.

М.Џаровска

Фото: Вангел Тануровски 

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ВИТОЛИШТЕ): Убавините на Македонија: Село кое маѓепсува на прв поглед

Ангелот Гаврил од Курбиново - фреска која вреди да се види


(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАНАСТИРИТЕ БИГОРСКИ, РАЈЧИЦА И МОСТОТ ЕЛЕН СКОК) Убавините на Македонија: Илјада години чуда и легенди

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КРАТОВО): Убавините на Македонија: Волшебниот град на кулите и мостовите 

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАНАСТИРИТЕ ВЕЉУСА И ВОДОЧА) Убавините на Македонија: Богатство кое вреди да се види

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ИЗВОРИТЕ НА ДРИМ) Убавините на Македонија: Фрли паричка за среќа

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ГАЛИЧНИК) Убавините на Македонија: Кој израснал овде, тој станал човек

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ВОДОПАДОТ ДУФ) Убавините на Македонија: Магија сокриена зад карпи

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПОНИКВА) Убавините на Македонија: Опоен мирис на бука и галантни домаќини

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАД) Убавините на Македонија: Шумски рај меѓу папрати

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД СМОЛАРСКИ ВОДОПАД) Убавините на Македонија: Магија во која се вљубувате на прв поглед

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД КРУШЕВО) Убавините на Македонија: За кафе и за локум секогаш има време

(ФОТО ГАЛЕРИЈА ОД КУКЛИЦА) Убавините на Македонија: Куклите скаменети од неостварена љубов, станаа туристичка атракција

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД БАРГАЛА) Убавините на Македонија: Вечна инспирација за истражување

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД БЕЛОВИШТЕ) Убавините на Македонија: Вљубување на прв поглед

(ГАЛЕРИЈА ОД ЗРЗЕСКИ МАНАСТИР) Убавините на Македонија: Црква со најретки икони

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАРКОВИ КУЛИ) Убавините на Македонија: Тврдина и поглед како од бајка

(ФОТОГАЛЕРИЈА ОД ПЕШНА И ДЕВИНИ КУЛИ) Убавините на Македонија: Места каде што живеат легендите