Фотографија која ги замисли сите: Дали Лејди Гага е бремена?

Поп ѕвездата Лејди Гага беше забележана од папараците во Малибу, во друштво на своето момче Мајкл Полански, како излегуваат од ресторан.

Веќе некое време Гага е мета на критики за сметка на нејзиниот изглед, фановите ја критикуваат дека се здебелила, но најновите фотографии како да иницираат нешто друго.

Пејачката е облечена во кратки шорцеви и широк/„оверсајз“ дуксер кој го оцртува нејзиното стомаче, кое наликува на трудничко, а нејзиниот изглед предизвика сомневања дека е бремена.

Фановите во коментари под фотографиите се прашуваат „што се случува?“, „дали Гага е бремена?“, но пејачката се нема огласено по тоа прашање. 

Инаку Гага не ја крие врската со Мајкл Полански, а тие се заедно веќе неколку месеци.

Погледнете ја галеријата и проценете сами: