Фотографија која го крши срцето: Во венчаница плачеше на гробот од вереникот на денот кога требаше да се венчаат

Фотографија која носи солзи на очите на сите. Џесика Пејт клекнува покрај гробот на нејзиниот несуден сопруг кој почина 10 месеци пред закажаната венчавка во сообраќајна несреќа предизвикана од пијан возач.

Фотографијата е направена на 19 септември, кога требаше да се случи свадбата.

Следната фотографија е таква на која позира Џесика, а фотографот го фотошопира Кендел Марфи, несудениот сопруг на Пејт. Тој беше пожарникар.

На третата фотографија, Џесика позира покрај неговата противпожарна опрема. 

Таа вели дека сакала да биде таму каде што е Кендел тој ден. Несреќата го смени нејзиниот живот и таа сè уште не закрепна. Сепак, вели дека дента се чувствувала посебно, иако немаше свадба, ниту пак ќе има некогаш со љубовта на нејзиниот живот.

Извор и фотографии: Loving Life Photography