Фризерот на Меган Маркл открива 5 правила за совршена коса

Добивај вести на Viber

Пет златни предлози од познатиот фризер на младата војвотка од Сасекс

Меган Маркл со секое свое појавување воодушевува поради неколку причини. Една од нив, покрај одличниот избор на дизајнерски парчиња, е беспрекорната фризура. Од неодамна Меган својата коса ја довери на тим од експерти, вклучувајќи го и фризерот Џорџ Нортвуд. 

Кога соработуваше со магазинот „Vogue“, Нортвуд откри неколку трикови на кои Меган ја должи својата убава коса и може да ги применат сите во сопствената бања.


1. Сушење на воздух

„За вашата коса да не се надува по воздушно сушење, треба да се применат некои производи за нега. Бидејќи повеќето луѓе имаат природна брановидна коса, јас предлагам да користите креми за негување на влакното. Дури и ако вашата коса не е многу кадрава, таквите производи се идеални за сушење на воздух, додека останатите имаат потреба од топлина за да бидат ефективни ", вели професионалецот.

2. Брз трик по носењето шапка

„Кога ќе ја тргнете шапката, навалете ја главата надолу и напрскајте ја со шампон за суво миење, па одмавнете со главата наназад и фризурата ќе биде совршена", ја открива Нортвуд тајната на Меган.

3. Нега на коса

„Повеќето луѓе никогаш не ја мијат косата правилно, па веќе еден ден по миењето изгледа лошо и не свети", вели Џорџ, додавајќи дека со првото шампонирање се отстрануваат нечистотиите и маснотиите, а по второто косата станува кристално чиста.

4. Користење на регенератор

„Пред да се примени балсам за коса, треба косата да се исцеди, бидејќи вишокот на вода ќе го намали неговото влијание", објаснува професионалецот, со совети за примена на регенератор на краевите, бидејќи тие се повеќе подложни на сушење и пукање.

5. Шампон за суво миење

„Ако вашата коса брзо се масти, би било најдобро да се нанесе сув шампон на свежо измиена коса. Значи, ќе додадете волумен и ќе го одложите миењето неколку дена ", предупредува Нортвуд.