(ГАЛЕРИЈА) Бебињата со посебни потреби се ѕвезди во прекрасна фотосесија

Добивај вести на Viber

Фотографот Ангела Форкер направи прекрасна фотосесија „The Precious Baby Project", која во центарот на вниманието ги става бебињата со посебни потреби и нивните семејства што ги сакаат.

Проектот вклучува бебиња со сериозни медицински состојби, фотографирани во домашното студио на Форкер во Њу Хевн, Индијана. Фотографот, кој ги прави овие фотосесии бесплатно, прави по една или две во месецот и има фотографирано 23 бебиња до денес.

- Јас ја подигам свеста за бебињата со посебни потреби, но истовремено им носам надеж и охрабрување на нивните семејства - со тоа што им давам дел од уметноста што ќе ја чуваат за цел живот - изјави Форкер за ХафПост.