(ГАЛЕРИЈА) ДВОЈКА ЗА КОЈА СЕ ЗБОРУВА: ЉУБОВТА НА АНТОНИА И ВИКТОР
Актуелната победничка на „Макфест“, младата пејачка Антониа Гиговска, веќе подолго време е во романтична врска со Виктор Крстевски, професионален каратист кој настапува за македонската репрезентација.
На почетоците од кариерата Гиговска редовно објавуваше нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи, но подоцна ги отстрани, веројатно да го заштити приватниот живот од медиумите.
Сепак, на профилот на Крстевски кој е отворен за јавноста, достапни се повеќе фотографии на кои воопшто не ја кријат љубовта.
Пошироката јавност ја запозна Антониа во регионалното ТВ-шоу „Пинкови ѕвездички“. Неколку месеци подоцна беше прогласена за најдобар дебитант на „Макфест“ и го освои третото место. Во меѓувреме доби признание на повеќе интернационални фестивали, а денес го живее својот музички сон. Антонија Гиговска го играше главниот женски лик во мјузиклот „Тајно моја“ и публиката имаше само пофални зборови за нејзиниот ангажман во проектот посветен на Тоше Проески.