(Галерија) Шеќеринска и Мицкоски на заедничка вечера

Добивај вести на Viber

Вчеравечер во „Воденица“, љубителите на италијанска храна и специјалитети имаа можност да уживаат во врвната кулинарска уметност на италијанскиот Шеф Армандо Кодиспоти.

Меѓу присутните гости се најдоа и многу лица од политичката фела, меѓу кои и Радмила Шеќеринска, Христијан Мицкоски, Антонио Милошески, Андреј Жерновски.

Амбасадорот на Р. Италија, Н.Е. Карло Ромео имаше свое обраќање, а потоа ѕвезда на вечерта беше одликуваниот шеф од Италија, Армандо Кодиспоти.

Третата Недела на Италијанската Кујна во Светот  (19-25 Ноември 2018 година) е настан од светски рамки, организиран под покровителство на Италијанското Министерство за Надворешни работи, со цел промоција на италијанската ено-гастрономска култура и традиција, сo посебен акцент на богатството на специјалитети и состојки типични за италијанските региони, нивната историја и територија. Токму тој медитерански начин на исхрана, таканаречената Медитеранска диета, е централна тема на овогодинешното издание на Неделата на италијанската кујна во светот.


Фото: Маја Јаневска-Илиева