(ГАЛЕРИЈА) Рестораните полни, луѓето едвај дочекаа да заврши забраната за работа до 18 часот

Луѓето како едвај да го дочекаа продолженото работно време на рестораните и на кафулињата.

Од завчера, откако наместо до 18 часот, угостителските објекти се отворени до 21, секаде е полно и се бара маса повеќе.

Таква една слика видовме и вечерва во центарот на Скопје. Без оглед на врнежливото време, луѓето се излезени во рестораните, каде што засега се одржува препорачаната дистанца, и се почитуваат мерките- не повеќе од четири лица на маса.

Вечерва и сношти угостителските објекти не беа полни само затоа што е викенд, вака беше и во четвртокот, кога работното време беше продолжено за три часа.

На крајот на декември, Владата донесе одлука за скратено работно време за угостителските објекти, со цел да се спречи поголемо ширење на коронавирусот. 


(М.Џ.)

Фото: Вангел Тануровски