(ГАЛЕРИЈА) Шоуто на морските лавови во Зоолошка ги развесели гостите

Овој викенд посетителите на скопската Зоолошка градина имаa можност да уживаат во интересен перформанс на едни од најпосетуваните жители, морските лавови. Магична глетка која предизвика многу насмевки и аплаузи од најмалите. 
А причини за среќа има многу, наскоро 14-месечниот морски лав Гете ќе му се придружи на Кан во големиот базен. Дополнителна причина за среќа е и реконтрукцијата на нивното живеалиште, па за нив се обезбедуваат подобри услови за живот. Реконструкцијата е во тек, а „Аџибадем Систина“ донира за секој лајк на фотографиите на Фејсбук, за изградба на подобар дом за морските лавови.