(ГАЛЕРИЈА) Со 5 жени има 10 деца: Запознајте ги наследниците на Еди Марфи
Холивудскиот актер Еди Марфи на 30-ти ноември стана татко по десетти пат, откако неговата вереница Пејџ Бачер му роди уште еден син. Бебето се вика Макс Чарлс Марфи , а средното име го доби по покојниот брат на славниот комичар кој минатата година почина од леукемија.
Марфи има деца од пет различни жени и не бил во брак со секоја од нив. Со актуелната вереница ја има и ќерката Изи. Од бракот со Никол Марфи има пет деца, ќерките Бри (28), Шејн (23), Зола (18) и Бела (16) и синот Мајлс (25).
Останатите деца Марфи ги доби во вонбрачни заедници. Со Полет Мекнили го има синот Ерик (29), со Тамара Худ го доби синот Кристијан (27), а има ќерка и со популарната Мел Би од „Спајс грлс“, 11-годишната Енџел.
Марфи беше во брак и со Трејси Едмондс кој траеше само две недели.
Во продолжение погледнете уште фотографии од децата на Еди Марфи.