(ГАЛЕРИЈА) Со гала промоција, прикажан филмот „Врба“ на Милчо Манчевски

Добивај вести на Viber

Со гала прием и црвен килим со салата на Филхармонија, премиерно почна прикажувањето на филмот „Врба“ на Милчо Манчевски. Многу гости од јавниот живот дојдоа да го видат шестиот долгометражен филм на Манчевски, само дестина дена по светската премиера на 14 Филмски фестивал во Рим. 

„Врба" е филм во кој се преплетуваат три приказни, една од средниот век, а другите две се современи. „Ако гледачот успее да влезе во тој свет и ако некаде го однесе, тогаш мислам дека ќе го засака филмот. Тој свет може да биде реалистичен и денешен а може да биде средновековен или од друго минато време. Убаво е по десет години повторно да се работи дома“, изјави Манчевски претходно за филмот. „Врба“ е во продукција на "Банана филм" и е македонско-унгарско белгиска копродукција. 

Во главните улоги играат : Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиева, Ненад Нацев и Камка Тоциновски, а во останатите улоги се Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други. Музиката ја напиша Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев.

М.Џ. 

Фото: Вангел Тануровски