Генетиката е чудо: Како изгледа помалата сестрата на Шерон Стоун

Дали личат?

Американската актерка Шерон Стоун е во седмата деценија од животот и сè уште изгледа одлично, а нејзината харизма и убавина сè уште пленат. Таа зад себе има богата актерска кариера, но улогата на фаталната Кетрин Тремел во филмот „Ниски страсти“ е дефинитивно нешто што ја направи препознатлива.

Шерон во март годинава наполни 62 години, а многу нејзини помлади колеги сè уште можат да и завидуваат, а сега таа покажа дека генетиката игра голема улога во нејзиниот случај.

Имено, таа на својот Инстаграм профил сподели фотографија на која е нејзината мајка Дороти Мери, родена во 1933 година и нејзината помлада сестра Мери.

Шерон доби лавина од коментари под оваа фотографија, а многумина се на мислење дека таа и нејзината сестра ја наследиле убавината од нивната мајка и дека изгледаат неверојатно.

Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Шерон Стоун: Кој ќе ви каже дека изгледот не е важен, ве лаже!
(ФОТО) Блеска во седмата деценија: Шерон Стоун во бикини како да има 20 години