Генијална идеја на една мајка: Вака ги натерав своите деца да не бараат скапи работи

Една мајка ја интересирало како да им објасни на своите деца, тинејџери, дека скапите и брендирани обувки и гардероба не ја одредуваат нивната вредност.

Одговорот кој го добила добила од мајка која има две деца стана вистински хит, а ние ви го пренесува:

„Многу лесно! Кога го поминував тоа со моите деца, кога беа тинејџери, се уморив од тоа да им го објаснувам тоа што ти ми го постави како прашање... затоа, проблемот им го префрлив на нив.

Секоја година, на почетокот на учебната година, барав од нив да направат список од она што треба да го заменат во нивниот плакар - од долна облека, преку капути, ранци, патики, зимска опрема, па дури и опрема за скијање!

Тие веднаш ќе го отпечатеа списокот и ќе ми го дадеа, а потоа јас ќе го прегледав и ќе означев што сметам дека е разумна цена за секој од понудените предмети, а потоа ќе направевме вкупна сметка за секој список (по дете).

Секогаш имаше најмалку 500 долари за зимската сезона, а за нијанса помалку за летната.

Извадив дебитна картичка за двете деца, со износ за кој сметам дека е фер и разумен, а кој опфаќа скоро сѐ што е на списокот. Не сте го користеле досега? Картички обично се користат околу три години, осигурани се, па така и да ги изгуби детето, не ги губи парите, а може да проверите каде и на што се потрошени парите, преку апликација на телефон.

Па, така им ги дадов картиците и „Правилата за шопинг на нашиот дом“.

1. Мора да купите сѐ што е на списокот, користејќи го само износот на пари кој е ставен на вашите картички. Без надминување. (Сакаш да потрошиш 300 долари на патики? Ок, но тогаш ќе мора да носиш стара јакна, фармерки, извалкан дрес, стара долна облека во текот на целата година. Животот е составен од избори).

2. Не смеете да купите ништо што не може да се носи на училиште, бидејќи се криши дрес кодот на училиштето (секако, претходно направивме договор и очекувања околу стајлингот за забави, прошетки, плажа. Само сум економична, не сум лоша или луда).

3. Цената на облеката и обувките не се отстранува сѐ додека:

не видам како ви стои;

не го одобрам она што сте го купиле;

мора да купувате во продавници кои дозволуваат враќање на облеката, замена или рефундација, во случај доколку нешто не ви стои добро или има лош квалитет или доколку кажам дека не е во ред.

А, знаете ли кој е генијалниот потег?

Им останеле пари по купувањето на сите работи на списокот?

Може да ги задржат! Да ги потрошат или чуваат како заштеда, останам на нив да одлучат. Со ваква организација, притисокот околу вредноста на парите е на нив. И каков е резултатот?

Одеднаш, патиките кои чинат 250 долари, стануваат неразумни за купување, кога може да заштедат 200 долари, така што ќе си купат совршени добри патики, на пример за 50 долари, а кои сами ќе ги одберат...

Одеднаш, моите деца станаа одлични купувачи, кои споредуваат цени и она што го добиваат за одредена цена. Нема да верувате дека вашите деца, кога ќе ги пребараат сите понуди на попуст, ќе се одлучат да купат маичка за 9 долари, наместо да дадат 29 долари за некој друга на која ова ѝ е редовната цена.

Но, што е најдобриот дел за мене како родител? Никогаш повеќе немаше: ужас, лутење, исцрпеност, фрустрации, лупање на врати, стрес...

Ми беше интересно да ги гледам децата како одлучуваат за работите. За тоа може имаат ранец кој ќе го користат малку подолго, за да може да си дозволат малку поквалитетни работи како чевли од кожа кои исто така ќе траат подолго...

Кога почнавме да ја практикуваме оваа метода, децата имаа 4 и 14 години и едното и другото одлично се снајдоа. Исто така, морам да напоменам, дека овие „еднократни“ картички, како што сакам да ги нарекувам, не се врзани ниту за една моја банкарска сметка“. - заврши мајката со генијална идеја.

Па генијално, зарем не?