Гест кој ќе ви ги насолзи очите: Актерот Вин Дизел ја изведе пред олтар ќерката на неговиот починат колега, Пол Вокер (ФОТО)

Манекенката и нејзиниот избраник подготвија едноставна и интимна венчавка за мал број луѓе, а еден од најемотивните гестови беше тоа што беше изведена „пред олтарот“ од актерот Вин Дизел.

Дваесет и двегодишната манекенка Медоу Вокер се омажи за актерот Луис Тортон-Алан во Доминиканската Република, а актерот и пријател на нејзиниот покоен татко Пол Вокер, Вин Дизел, имаше посебна задача - да ја однесе до олтарот, објави Вог.


Таа, исто така, сподели фотографии од овој мал настан на својот профил на Инстаграм и истакна дека пандемијата имала големо влијание врз нивните планови:

- Семејството на Луис не можеше да присуствува. Многу блиски пријатели кои ги сметаме за семејство исто така не можеа да присуствуваат поради ограничувањата.

Нејзините фотографии и видеа ја прикажуваа атмосферата од интимната прослава покрај водата и на зајдисонце. 


Таа изгледаше волшебно - избра да облече едноставен фустан со прерамки дизајниран од Метју Вилијамс од модната куќа Живанши, а над нејзиното лице имаше долг и вел. 

- Сите беа боси, а ние танцувавме на песокот. Кон крајот на вечерата имаше огномет - изјави таа за Вог.

извор:glossy