Ги носи на 100 начини и ќе ѝ траат уште толку години: Данијела Димитровска во чизми кои се желба на секоја жена (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Данијела Димитровска не престанува да нѐ воодушевува со своите комбинации.

Не е новост дека Данијела Димитровска знае да го извлече и најпребирливиот аутфит, а сега уште еднаш покажа како можете да ги комбинирате најмодерните чизми на сезоната.

Даниела позираше за Инстаграм, на кој ја следат многу луѓе, облече бели панталони и бел џемпер со рамно деколте, додека ногавиците ги вовлекла во модерни каубојски чизми во крем боја.



– Во моите омилени бои – напиша таа.

Манекенката веќе прикажа неколку модели на каубојки комбинирани на различни начини, а овие се посебни поради впечатливиот дезен кој изгледа како да е втиснат на превртената кожа.



Белата и бежот не се баш вообичаени бои кога е зимата во прашање, сепак, одлично ѝ прилегаат на Даниела. За да го комплетира зимскиот фантастичен избор, таа го облече популарното кадифено палто и од накит извади серија од неколку ланчиња кои привлекуваат внимание со својот дизајн.


FOTO: Инстаграм