Ги пронајдовме Limited edition производите во dm дрогериите кои ви ветуваат неограничено летно уживање

Добивај вести на Viber

Ги пронајдовме Limited edition производите во dm дрогериите кои ви ветуваат неограничено летно уживање

Втората половина на летото ја одбележуваме со уникатни производи од dm дрогериите кои имаат ограничено издание за неограничени летни авантури!

Сонце, вода, плажа... сѐ ова нѐ асоцира на убави летни и егзотични мириси кои ќе нѐ пратат во текот на целото лето. Овие тропски мириси ќе ги пронајдете спакувани во Balea производите со кои ќе внесете разновидност во секојдневната рутина за нега на тело!

Balea e една од нашите омилени dm марки кои покрај големиот избор на висококвалитетни производи за нега и убавина, постојано ни нудат Limited edition производи кои нѐ оставаат воодушевени. Ова се нашите фаворити за месец август:

Balea I’m not like the otters дезодорансот ефикасно ги штити телото и облеката од непријатни мириси во моментите на засилено потење, до 24 часа. По нанесувањето, брзо се суши и остава удобно чувство на сувост на кожата. Освен тоа, ќе ве маѓепса со долготрајниот цветен мирис. Чувствувајте се сигурно и заштитено!

Balea Summer Paradise гелот за туширање со егзотичен мирис на кокос и плумерија ќе ги разбуди вашите сетила и истовремено ќе ѝ обезбеди на вашата кожа оптимална нега и хидратација. Благата хидратантна формула ја омекнува кожата и ја штити од сушење. Дозволете си моменти за посебна нега со овој гел за туширање!

Balea еднократниот брич со 3 сечила не само што овозможува темелни резултати од бричењето, туку нуди и лесно ракување. Благодарение на прецизните трикратни сечила и флексибилна глава, можно е темелно мокро бричење – дури и во бикини зоната. Рачката против лизгање на овој брич обезбедува сигурно држење, додека лизгавата трака со алое вера и витамин Е се грижи кожата да остане нежна и без иритации.

Кој е вашиот омилен Limited edition производ од dm?