Givenchy со колекција накит инспириран од хороскопските знаци

Добивај вести на Viber

Модата инспирирана од астрологијата може да биде вистинско уметничко дело, и ова ни го докажа Клер Вајт Келер, дизајнер кој дизајнираше колекција на накит од Живанши, инспирирана од хороскопски знаци.

Златната колекција на беспрекорен дизајн се состои од 24 парчиња обетки и прстени и ни нуди луксузен поглед на секој знак на зодијакот. Идејата започнала со тоа што создала прстен за себе, што потоа тоа ја инспирирало да направи накит за преостанатите 11 знаци.

Дополнителен плус е тоа што обетките може да се носат како ѓердан со црна лента која доаѓа со секој пар или златен ланец кој се купува одделно.