Гламурозна прослава на Меган: Како Маркл ќе го прослави 40-от роденден и зошто е вмешана Опра?

Оваа среда, 4 август, Меган Маркл ќе го прослави својот 40 -ти роденден. По тој повод, планира прослава во нивната куќа во Санта Барбара.

Во јавноста протече информација дека таа ја ангажирала Колин Коуви, која инаку ги планира забавите на Опра Винфри, да ја организира забавата.

„Меган сака да се дружи, така што беа поканети околу 65 луѓе, вклучувајќи ги и нејзините најблиски пријатели и семејството. Колин и ја препорача Опра бидејќи организира фантастични забави“, открил извор за британскиот весник.

Принцот Хари наводно нарачал торта од неговата локална слаткарница за роденденот на неговата сопруга, додека ќе се служи локална храна, како и вино од околните лозја. 

На роденденската забава треба да бидат и Опра Винфри и Гејл Кинг, со кои Меган стана блиска откако се пресели во Америка.