Го имаше најубавиот маж во Холивуд, а таа и на 64 години има лудачки добро тело: Но лицето и е како деформирана кукла
Познатата Мелани Грифит можеби не е толку активна кога се во
прашање новите улоги, но затоа е редовна мета на папарацо фотографите, но и
чест гостин на холивудските собири и забави. Медиумите често пишуваат и го
фалат нејзиниот младешки изглед, но и ја критикуваат за пластичните операции.
Неодамна папараците ја уловија Мелани низ улиците на Холивуд додека одела на викенд бранч со нејзината блиска пријателка Ева Лонгорија. Прославената 64-годишна дама покажа завидна, витка фигура во спортски хеланки со проѕирни детали, памучна бела маичка и црни патики.
Оваа опуштена, удобна комбинација Мелани ја надополни со црна чанта и спортски ракавици, дискретен накит и очила за сонце. Нејзината фигура навистина предизвикува воодушевување, а резултатите од секојдневните тренинзи се очигледни.
Оваа холивудска дива откри дека својот убав изглед го должи на редовното вежбање и урамнотежената исхрана, а нејзината добра состојба е уште повосхитувачка кога ќе се земе предвид фактот дека двапати се бореше со рак на кожата и долго време се бореше со епилептични напади.
Своевремено отворено зборуваше за тоа дека не може да се справи со стареењето, поради што се сврте кон пластична хирургија, која за малку ќе и го изобличеше лицето.
За среќа, Мелани застана на време: „Не ни сфатив што се случува додека некој не ми рече: „Господи, што направи!?“ Бев многу повредена. Бев кај разни лекари за да го вратам она што го имав порано“.
Да потсетиме, Грифит во еден момент стигна дури и до листата „кралици на пластични операции“, и покрај тоа што ги намали, очигледно не се откажа целосно од нив. Јасно е дека оваа дама се уште е верна барем на третманите за подмладување, а на социјалните мрежи има бројни коментари – од исклучителни комплименти до страшни навреди.
„Изгледа одлично“, „Оваа жена е неверојатна“, „Какво тело“, „Таа е како мачка во женско тело, но нејзиното лице е како Џокер“, „Премногу пластика“, „Круела де Вил“. „Го уништи својот добар изглед“, се само дел од илјадниците и илјадниците коментари.
Фото: Профимедиа
Разведени сме, но ќе ја сакам засекогаш: Антонио Бандерас за врската со Мелани Грифит