Го изгубивме бебето, немав работа: Саша Јоксимовиќ, искрено за поминатите тешки денови

Пораки за поддршка пристигаа од сите страни!

Познатиот актер и брат на пејачот Жељко Јоксимовиќ, Саша Јоксимовиќ на својот Инстаграм профил сподели детали од приватниот живот со својата публика, во кои призна за тешките ситуации со кои се соочувал.

"Минатата година беше најлошата година во мојот живот, прво го изгубивме бебето на 22 мај, на нашата слава и немав работа. Одвај преживеавме.
Денес сум пресреќен затоа што сто тоа е зад нас. Работам многу, имам прекрасна сопруга, вистински борец и најдобриот син на светот. Не ми треба повеќе... Фала му на Бога за сè! Сè ќе помине ".

Саша е 12 години во брак со продуцентката Невена, а во 2017 година тој изјави:
„Врската ја започнавме во средно училиште и траеше 17 години, од кои девет сме во брак“, рече тој и откри дека раскинале за време на забава, за да се смират по нешто повеќе од една година.

„Третата година од врската е критична, а потоа и петтата. Ние раскинавме тогаш и бевме разделени цели 13 месеци. Приказната дека скршената вазна не може да се залепи не се однесува на нас.
По помирувањето, нашата испукана торта е всушност уште покрцкава и „нашата врска стана посилна, иако некои би рекле дека е бурна“, рече Саша.

извор: glossy.espreso.rs / kurir.rs