Го карам Лазар кога ми ја зима гитарата: Синот на Дани е полнолетен

Рокерка во душата и позната по оригиналниот имиџ на сцената и приватно, Дани Димитровска е горда мајка на Лазар кој лани стана полнолетен. 

Дани која инаку ретко објавува слики со синот, на својот инстаграм профил сподели дел од моментите со него. 

„Син ми има веќе 18 години. Игра кошарка, добар е со електронски уреди и се труди да свири гитара. На мојата. Не сака своја. Убаво ми е така иако го карам што ја зима. Разговор помеѓу умот и срцето“, раскажа Дани за синот во претходно интервју. На манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ во февруари минатата година, на која доби три награди, Дани дојде во придружба на синот.


Пејачката е внимателна со зборови и кога се во прашање одговорите за љубовниот живот. 

„ Ниту сум таинствена, ниту внимателна. Ни порано, ни сега. Тоа во домашен разговор се нарекува криење. А криење и љубов не одат во иста реченица. Едноставно одбивам да раскажувам нешто што е природно и од интимен карактер. Се чувствувам како да нема инспиративни теми поради кои постоиме на сценава. Музичкава сцена, таа е за истакнување, љубовнава ради сеири и читаност е секогаш на врвот, не ѝ треба билдање. За љубов не треба најава со сензационален наслов. Едноставно се случува и фала богу што е така. Нека живее“, изјави Дани за Женски магазин. 

„Освоена не сум, тој термин за територии ми е резервиран. Партнерот ми е прекрасен, затоа ми е партнер“, додаде пејачката за својот љубовен живот.

Дани, која е актуелна со албумот „Град за љубов“, ни раскажа детали за песните кои од срце ги испеала.

„ Овој албум опишува емотивна состојба која секој ја доживеал или доживува. Но, некој ја спопикал во црева, некој несвесно од немоќ ја обликува во гнев према другиот, некој не е ни свесен дека ја доживува, а ние вака сме ја изразиле, за вака знаеме. Тежи суштински пораки, албумот“, изјави Дани. (М.Џ.)