Го кине срцето: Мајката на пронајденото мртво момче во Ниш со молба - Сине мој ...

Фото насловна: novosti.rs

Сине мој ... сонце мајкино ... живееш и ќе живееш засекогаш преку нас“

Матурантот, Јован Веселиновиќ (18), кој исчезна во средата околу 23 часот, беше пронајден мртов во запуштено градилиште во улицата Бранко Крсмановиша во Ниш, во неделата околу 10 часот, пишува „Новости.рс“.

Голем број припадници на Министерството за внатрешни работи во Ниш и граѓани од четвртокот трагаа по исчезнатото момче. Телото го пронашол, како што се испостави, семеен пријател.

Мајката Милица Цветковиќ преку Фејсбук испрати „барање, во име на нејзиниот Јован“.

„Имам само едно барање, во име на мојот Јован… Направи добро дело денес… било што .. нахрани некој гладен, посвои куче или мачка од улица… донирај СМС за болни деца .. помогни му на некој постар да ја премине улицата .. ако видите во редот на касата, дека некој останал без пари или му недостасуваат, платете за него… засадете дрво .. кажете и на мајка ви дека ја сакате .. прегрнете го вашето дете најсилно .. било што .. За мојот Јован .. за неговата чиста душа .. за неговата вечна насмевка… Сине мој… сонце на мама, живееш и ќе живееш засекогаш преку нас… секоја сабота, бидејќи тоа е твојот ден, денот кога се роди, ќе ни дојдат твоите најмили пријатели .. ќе раскажеме анегдоти за тебе, твоите бисери .. вашите шеги .. ќе ја јадеме твојата омилена храна… и пепси се подразбира… Нема да плачеме .. ќе го славиме твојот живот и ќе му благодариме на Бога за секој ден што ни го даде со тебе… Засекогаш, око мое мило .. среќо моја драга .. ти ветува мама, твојот дух, твојата харизма и сè она што беше… до вечност. Мама веќе нема душа .. само ти и Лазар ја правите мојата душа… не ми треба повеќе“ , пишува во објавата на Фејсбук ожалостената мајка.


Можеби ќе ве интересира:

Во утробата ѝ починаа две бебиња: Тажна приказна на мајка која сепак се избори да има деца