Го намалува ризикот од рак и го зголемува имунитетот: Намирницата наречена „кралица на есента“

Добивај вести на Viber

Ако барате нешто што е хранливо и здраво!

Тиквата може да се користи за подготовка на солени и слатки јадења, може да се јаде жива, задушена, печена, пржена, а свежо исцеден сок од тиква има исклучително корисен ефект врз организмот. Овој моќен зеленчук е неизбежна храна на нашите трпези кога ќе дојде постудено време.

Лековитите својства на тиквата се многубројни, поради што особено се препорачува за време на вируси и настинки, а експертите велат дека би било паметно да ја јадете најмалку три пати неделно. Еве зошто е корисна:

Го зајакнува имунитетот

Тиквата е богата со витамин Ц (една чаша тиква содржи до 11 мг од овој витамин) што игра важна улога во зголемувањето на отпорноста на организмот кон инфекции. Исто така, содржи цинк, а овие две хранливи состојки се исклучително важни за здравјето на имунолошкиот систем.

Го чува срцето

Редовната употреба на тиква може да го намали нивото на „лош“ холестерол што директно влијае на срцето. Покрај тоа, овој зеленчук содржи голема количина магнезиум, кој го нормализира крвниот притисок и го намалува ризикот од мозочен удар и срцев удар.

Помага при слабеење

Варена и печена, или свежо исцеден сок од тиква, е диетална храна препорачана за полни луѓе, дијабетичари, како и пациенти кои имаат проблеми со желудникот и тенкото црево. Истражувањата покажаа дека диетата богата со диетални влакна од тиква го потиснува апетитот, а истовремено обезбедува и доволно калории.

Го намалува ризикот од рак

Бета-каротенот, со кој е богата тиквата, го штити организмот од бројни штетни ефекти, а овој зеленчук е богат со други каротеноиди (жолто-портокалови пигменти присутни во растенијата) кои го намалуваат ризикот од тумори, вклучувајќи рак на дојка, бели дробови и грлото на матката. 

Позната е улогата на бета-каротенот во заштитата на кожата од штетните ефекти на УВ зрачењето врз развојот на рак на кожата.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Еве како да се заштите себе си и вашиот дом од инфекција