Го прекрши непишаното правило на Оскарите: Џулија Робертс го шармираше светот со својот фустан, а сега го чува на неочекувано место

Добивај вести на Viber

Актерката Џулија Робертс во 2001 година освои Оскар за улогата во филмот „Erin Brockovich“, а на црвениот килим се прошета во фустан на Валентино, кој влезе во историјата...

Се наближува моментот кога ќе ги дознаеме овогодинешнетите добитници на Оскар, а традиционално, фокусот ќе биде насочен и на познатите личности кои ќе се прошетаат на црвениот килим и ќе ни покажат какви модни комбинации одбрале за оваа година.

Дека доделувањето на Оскарите освен во филмскиот, е голем настан и во модниот поглед, говори и фактот што за фустаните на дамите се зборува и неколку децении откако ги носеле на оваа свеченост.

Така многумина и ден денес не можат да го заборават фустанот на Грејс Кели, кој во тој момент беше најскапиот фустан на сите времиња или од поновата историја, фустанот на Анџелина Џоли со кој ги воодушеви гледачите ширум светот.

Еден таков фустан, носеше и актерката Џулија Робертс во 2001 година кога освои Оскар за најдобра женска улога во филмот „Erin Brockovich“.

Црно-белиот фустан на Валентино, кој го облече за овој настан влезе во историјата, а „Daily Telegraph“ го прогласи за трет највпечатлив фустан од црвениот килим на сите времиња.

А, толку стана култен, што има и своја страница на Википедија.

Интересно е тоа што Џулија всушност прекрши едно непишано правило кога се во прашање Оскарите, а тоа е дека не носеше нов фустан кој е направен специјално за неа, туку носеше ретро модел.

Еден од оригиналните супермодели, Хелена Кристенсен прва го облече овој фустан, како дел од ревијата „Valentino AV92 Couture“ во 1992 година.

Пред доделувањето на Оскарите, Робертс не била задоволна од фустаните кои ги пробувала, а една недела пред доделувањето, асистентката од Валентино ја побарала да ѝ соопшти дека го има вистинскиот фустан за неа.

  

Актерката е една од ретките кои успеала да го задржи фустанот, наместо да го врати назад на креаторот.

Во едно интервју за „People“, Џулија откри дека решила да го сочува за својата ќерка Хејзел, за еден ден таа да може да го носи.

Интересно е што го сместила во кутија под креветот.

фото: Принтскрин / Јутјуб