Го продала своето бебе, добила 270 евра: Причината ќе ве расплаче

Таа не гледала излез

Во Русија е покрената кривична истрага против мајка која е осомничена дека го продала своето новородено бебе за 270 евра.

Триесетгодишна жена по име Чечена има три деца на училишна возраст и и биле потребни пари за да им „купи слатки и облека“.

Хигиеничарката беше уапсена откако социјалната служба, која знаеше дека е бремена, се запраша што се случило со бебето. Чеченка и соопштила на полицијата дека прекупознаници се запознала со брачна двојка без деца, на кои им го продала бебето. Кога отишла на ултразвук и подоцна кога отишла во родилиште, ја користила здравствената лигитимација на жената, а бабицата изјавила дека откако жената го родила бебето во Краснојарск, му го предала на човекот за кој мислела дека е нејзиниот сопруг.

- Кога родив син, мајчинскиот инстинкт се разбуди во мене. Го доев пред да ме пуштат од болницата - рекла мајката.

Сепак, и покрај двоумењето, таа одлучила да го продаде бебето.

„Го одведоа веднаш и се возеа со такси“, рече таа.

Мајката подоцна, наводно, во неколку наврати ја повикала двојката, но тие не одговарале на повиците. Сепак, во август и ги платиле договорените 270 евра,

- Ги искористив парите за купување слатки и облека за децата - рекла жената.

„Да го вратеа моето дете, мојот четврти син, ќе го земев“, додаде таа.

Купувачите се пронајдени и се во притвор, а сега социјална служба се грижи за момчето. Додека Чечена беше ставена во домашен притвор за да може да се грижи за своите три постари синови.



Фото:Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Сигурни знаци: Не вртете ја главата и навреме препознајте дали вашето дете е зависник од наркотици!