Го спасив болниот брат од ужасот : Искрено со Весна Ѓиновска- Илкова

Оперската дива Весна Ѓиновска-Илкова која летово ја поддржа иницијативата во неготинското село Тимјаник да се отвори дом за деца со попреченост, отворено прозборе за болеста на нејзиниот брат. Тој е лице со посебни потреби а Весна вели дека го извадила од лоша државна институција и го згрижила во приватен дом. 

Во текот на целиот претстој на брат и во институцијата во таканареченото петто машко оддление, таа имала многу разговори со надлежните да се подобрат условите. 

„ Мојот брат Златко Ѓиновски има 61 година, и страда од повеќе болести од своето раѓање. Откако починаа моите родители, Златко долги години беше сместен во псхијатриската болница Бардовци, се до 2010 година, кога решив дека е доста да живее во едни такви, исклучително нехумани и нечовечки услови, каде што и на душман не му посакувам да отиде. Од тогаш, тој е сместен во еден приватен дом, веднаш до мојата куќа. Блиску ми е и често доаѓа и кај нас дома. Јас имав подрршка од сопругот и можност да му помогнам на брат ми. Но, што е со оние кои немаат? Затоа е многу важно да постојат такви домови и Државата мора да застане зад тоа, зашто и тие лица имаат чуства и заслужуваат достоинствен живот“, раскажа Весна за Женски магазин.

Оперската првенка се присети и на сите тешки моменти и борбата нејзиниот брат да го згрижи во подобри услови. Вели дека и било најтешка посетата на Бардовци кога била бремена со едниот, потоа и со другиот син. „Паметам дека бев во деветтиот месец од бременоста кога свекорот и свекрвата да го посетам Златко. Знаев дека потоа ќе немам можност да го видам три до четири месеци, додека не ми порасне синот. Тогаш бев многу загрижена, како ќе му биде без мене“, додаде Весна.

Во текот на целиот претстој на брат ѝ во институцијата во таканареченото петто машко оддление, таа имала многу разговори со надлежните да се подобрат условите. „Зборував дека мора редовно да се кречи, да се купат нови душеци, постелнина. Сакав да организирам хуманитарни концерти и настани за да помогнам. Потоа се отвори нов геријатриски центар во самиот комплекс кој беше донација, и се обидов брат ми да го префрлам таму. Ми одговорија дека во новата зграда може да остане само три месеци. Потоа не го примија. Медицинскиот персонал сака да помогне, но едноставно, врзани им се рацете“, вели Весна и се сеќава на таа изма, 2010 година кога си решила дека брат и повеќе не може да остане во Бардовци. 

Три дена останав со Златко. Го капев јас, се грижев за него, му носев готвена храна од дома. Паметам како сега да беше. Си реков: со оваа приказна е доста. 

„Едно февруарско утро, ми се јавија од болницата и ми рекоа дека мојот брат умира, и треба да си го земеме дома. Всушност, му установија погрешна дијагноза, рак на белите дрбови. Ренгенската снимка покажа дека нема едно белодробно крило. Не ми беше јасно како е можно да е биде толку болен, а да е насмеан од уво до уво“, се присети Ѓиновска- Илкова. Тие денови откако дознала дека дијагнозата за болеста не е точна, Весна не се одделила од својот брат: „ Три дена останав со Златко. Го капев јас, се грижев за него, му носев готвена храна од дома. Паметам како сега да беше. Си реков: со оваа приказна е доста. Му се јавив на сопругот на телефон и почнав да плачам. Љупчо ми даде голема поддршка во тој момент. Ми рече да се смирам, и оти се ќе биде во ред, Златко ќе го сместиме во приватен дом“. 

Сега, братот на Весна го живее својот втор живот. За неа е најважно што ја има сета потребна него и што ѝ е многу близу. „Еве, токму вчера беше кај нас дома. Ги славевме заедно полуматурата и матурата на нашите синови. Заедно го прославивме и неговиот роденден, и секоја година го славиме , на 17 мај. Мислам дека правам се, и го исполнив сето она за што се бореше мојот татко, да му обезбедам на брат ми еден достоинствен живот. Тој а биде најаден, напиен, да живее во чисти, хигиенски услови и да е опкружен со љубов. Тоа им треба на сите луѓе со попреченост“, ни раскажа познатиот сопран. Весна вели дека нејзиниот татко се заложил брат и да го описмени, запишувајќи го училиште за деца со посебни потреби, а во еден период , тој имал и работа во печатницаа „Светлост“. 

„Брат ми е многу музикален, и има две пасии. Едната му е рок и поп музиката од поранешна Југославија, тој е колекционер на плочи од „Бијело Дугме“, „Рибља чорба“, „Парни ваљак“. Втората пасија му е пушењето. Многу сум врзана за него, тој ми го даде моето име“, ни раскажа Весна. 

За крај, таа порачува дека мора да се разбуди свеста кај сите луѓе, да се дозволи да се отвараат што повеќе домови каде што лицата со попреченост ќе живеат спокојно и достоинствено. “И тие имаат чуства како и сите. Плачат, се смеат и серадуваат“, вели Ѓиновска- Илкова. 

Милица Џаровска