Го загубив татко ми, израснав со мајка ми и со тетките: Интервју со уникатниот босански пејач Божо Вреќо

Добивај вести на Viber

Божо Вреќо, нежниот босанскиот тенор кој пее модерни севдалинки, вели дека најдлабоката емоција го води во креирањето на текстови и мелодии нанеговите концерти. Во Скопје на концерт во Филхармонија, тој доаѓа на 1 ноември и вели дека многу ја сака македонската народна песна.  Вреќо имал тешко детство, откако го загубил татко му, израснал со мајка му и со тетките за кои вели дека го научиле слободно да се изразува. Археолог е по професија, а подоцна се одлучил дека ќе се занимава со музика. Својот животен пат, Вреќо го раскажа за Женски магазин. 

* Луѓето велат дека успехот е поголем за оние кои го избрале тешкиот пат. Дали оваа изрека може да важи и за вас? Колку трнлив беше патот до успехот?

- Секогаш е трнливо ако е вистинито и вистинскиот пат кој се спротивставува на искушенијата и го мие срцето во секоја смисла. Љубовта и посветеноста се водечки принцип за се’ што создавам и сум, а кога е така, тогаш од се’ што правам блескаат прекрасни работи.

* Имате уникатен вокал и интерпретација. Далиго школувавте гласот?

- Гласот е дар од Бога и јас сум благодарен за тоа.

* Што да очекуваме од концертот во Скопје, кој репертоар ќе го пеете?

- Тоа е најдлабоката емоција што ме води во креирањето на текстови и мелодии и моите концерти, сигурно е дека ќе бидат испратени две нови песни кои ги напишав за седмиот албум што ќе излезе напролет, а се останато ќе биде магија што се создава со години и слика со обележје на севдахот. Тоа се песни кои ќе не’  надживеат, од мојата душа и како такви се бесценети во нивната љубов.

Ќе пеам еевдах-карасевда и дерт со многу различни споеви, импровизација и џез.

* Кога точно решивте да ја комбинирате модерната севдалинка со вашата екстраваганција на сцената како имиџ?

- Веќе поминаа 11 години од почетокот на мојата кариера и сигурно е дека автентичноста мора да се докаже и да помине низ времето кое неминовно ќе покаже кои сме и колку вредиме.

Спојувањето и создавањето на модерната севда или неговата ренесанса за мене беше како процес на дишење, сосема природна секвенца која бара предавање и посветеност во секој сегмент. Храброста и талентот со исклучителна истрајност предизвикаа се да се уреди и прозвучи за да не можеш да останеш имун на умешноста што ја носи мојата севда. Јас сум на тоа особено горд. Автентичност, уникатност и сестраност, без кои не би имало ни мистицизам, ни екстраваганција во изразот за кој зборуваме. Секој чекор е важен и слушнат.

Јас сум работохолик, перфекционист и архивист на сè што има душа во себе како извор на инспирација низ вековите, судбините и епохите.

Тоа ме прави многу среќен и го прави секој концерт навистина уникатен и по звук и по визуелност. Некогаш тоа е костум, почесто фустан, а во последно време наметката како што чувствувам дека е најдобрата хармонија или пак градот во кој доаѓам може да ме инспирира.

* Го загубивте татко ви кога бевте многу мали, дали растењето со мајка ти и тетките и нивната поддршка влијаеше на вашиот развој денес во општество кое не е подготвено да прифати да се биде различен, и храброста да бидете свои и поинакви?

- Пораснав со мајка ми и двете сестри кои влијаеа да чувствувам и да пораснам со многу љубов и да можам слободно да се изразам во мојата уметничка имагинација. Храброста на индивидуалноста е нешто што мора да ви се даде. Станува водич и те обликува на тој начин што секогаш си го храбриш срцето, идејата како мисија на љубовта која може се’ и нема пречки. Само тогаш сте супер суштество кое дише и живее уметност.

* Колку светот го делите на машки и женски, дали би избрале брак со сакана или слободна врска со партнерот?

- Мислам дека сите сме еден пол и не верувам во полови поделби, можеш да сакаш и маж и жена и љубовта не познава граници и поделби.

Јас не го делам светот на машки и женски, туку на светот на доброто и злото, темнината и светлината и се трудам да создавам и да бидам љубов во неговата оригинална форма, онаа исконската која знае само да го сака и шири божественото, eнергија која ги лекува душите.

Милица Џаровска